Вулвс не шутна кон голот на Челси, „сините“ лесно до три бода (ВИДЕО)

Екипата на Челси со три гола во второто полувреме лесно се справи со Вулвс (3-0) кој така и по 11 кола останаа без победа на дното на табелата.

Доминираше Челси од самиот старт, гостите не упатија ниту еден удар во рамките од голот на домаќините, но на паузата сепак мрежите мируваа.

Во второто полувреме отпорот на фенерџијата сепак беше скршен Пво Густо го отвори резултатот во 51. минута, а потоа стрелаа Жоао Пеедро и Педро Нето за конечен триумф.

Ќе потсетиме, Вулвс пред неколку дена го избрка тренерот Витор Переира и наскоро тимот се очекува да го промовираат Роб Едвардс кој сезонава го водеше Миделсброу во Чемпионшип.