Прилеп во Радовиш ја прекина црната серија, домаќините останаа на „нула“

Екипата на Радовиш и по 11 одиграни кола останува единствениот тим без освоен бод во ракометната Суперлига. Радовишани беа поразени на домашен терен, овојпат од Прилеп, кој славеше со 29-24 и си замина со полн плен.

За прилепчани оваа победа доаѓа како вистинско олеснување по серијата од четири порази против: Пелистер, Тиквеш, Охрид и Вардар, па така по пауза од еден месец, тимот конечно успеа да запише триумф.

Прилеп сега има биланс од четири победи и седум порази, а во следното коло ќе му гостува на Пелистер 2. Од друга страна, Радовиш ќе се обиде да дојде до првите бодови во сезоната, повторно пред својата публика, против Куманово кој во досегашниот тек од првенството има само една победа.