Драма во Лондон: Де Лихт во 96. минута го спаси Јунајтед од пораз против Тотнем (ВИДЕО)

Тотнем и Манчестер јунајтед одиграа возбудлив натпревар во Лондон, а на крајот двете екипи си поделија по еден бод (2-2) во 11. коло од Премиер лигата.

Брајан Мбеумо во 32. минута од натпреварот го матира голманот на Тотнем за предност од 1-0 на „црвените ѓаволи“, по што лондонската екипа се бореше да најде начин како да стигне до израмнување.

Тел во 84. минута од средбата погоди за предност од 1-0, по што Ришарлисон ги шокира „ѓаволите“ во 91. минута со погодок за целосен пресврт на Тотнем (2-1).

Јунајтед не се предаваше до последниот судиски свиреж и се обидуваше да се спаси од пораз, откако веќе ја прокоцка победата, а во тоа им помогна Матијас Де Лихт со гол за конечни 2-2.

Фото: Tottenham Hotspur