Шкендија Арачиново гази сè пред себе, Беласица го доби дербито со Брегалница
Вардар Неготино прв ја затресе мрежата на Шкендија Арачиново и ги шокира гостите, но скопскиот тим се созема во финишот од мечот и преку Десниќ и Трпески стигна до победа од 2-1.
Брегалница и Беласица имаа многу шанси, но на мечот во Штип беше постигнат само еден погодок, и тоа кога Капсаров во 81. минута ја затресе мрежата на домаќините.
Охрид запиша уште една победа во домашниот шампионат, откако славеше против Скопје со минимални 1-0.
Останати резултати:
Каменица Саса – Детонит Плачковица 2-2
Кожув – Осогово 0-0
Новаци – Слога Виница 4-0
Преспа – Големо Коњари 4-2
Тетекс – Победа 1-0
Standings provided by Sofascore