Комити им оставија на Чкембари средство за чистење на столчињата! (ФОТО)
По денешното соопштение на битолскиот клуб дека ги прекинува сите односи со Вардар поради оштетени столчиња на стадионот „Петар Милошевски“, се јави навивачката група на „црвено-црните“ со фотографија од пред влезот на објектот.
Таму на домашните навивачи им оставија средство за чистење со цел да ги избришат и исчистат столчињата, а воедно им порачаа дека немаат многу време додека се стемни.