Вардар и Пелистер скапо ќе го платат пиротехничкото шоу на нивните навивачи!
Битолскиот прволигаш ќе одговара за лоша организација на натпреварот и дозволување употреба на пиротехнички средства од страна на навивачката група на домашниот клуб, а за сличен прекршок се товарат и црвено-црните, кои ќе платат за употребата на пиротехника од страна на „Комити“, но најверојатно и поради пријавената материјална штета наводно направена на стадионот „Петар Милошевски“.
Раководството на Пелистер претходно јавно реагираше за оштетените столчиња и соопшти дека клубот ќе прекине било каква комуникација со Вардар до понатамошно известување. ФФМ најави дека конечните одлуки ќе бидат донесени за краток период, а целосната листа на денешните дисциплински мерки може да ја видите ТУКА.