ФФМ жестоко удри по Победа за хаосот со Шкендија – во Прилеп долго ќе се игра без публика!
Дел од домашните навивачите реагираа агресивно откако гостинската екипа се повлече во соблекувалната, а еден од присутните го оштети стаклото на соблекувалната на гостите, а полициски службеник спречи понатамошен физички контакт меѓу него и фудбалерите на Шкендија, со што беше избегнат потежок инцидент.
„Победа се казнува со четири натпревари без публика на домашен терен и со парична глоба од 3.000 евра, поради навредливо скандирање на национална основа, истакнати транспаренти со навредлива содржина, оштетување на објектот на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на фудбалерите на гостите“, стои во одлуката на Дисциплинската комисија.
Од Министерството за внатрешни работи дополнително информираа дека лицето кое го предизвика инцидентот е идентификувано и приведено.