Ѓорѓевиќ: Некогаш се гордеев со својата земја - сега се срамам од Србија!
Популарниот „Сале национале“ остро го критикуваше општествениот и институционалниот однос кон случајот, нарекувајќи ја ситуацијата „срамна и нечовечна“.
„Порано безрезервно се гордеев со својата земја, со боите и со историјата што ја бранев. Денес ме е срам од оваа бесчувствителност и понижување“, напиша поранешниот селектор.
Хрка веќе неколку дена штрајкува со глад пред Народното собрание на Србија, барајќи одговорност и објаснување за смртта на своето дете. Додека стоела покрај металната ограда што со месеци го блокира централниот дел на градот, од разглас биле пуштени навредливи стихови, кои дополнително ја потресле јавноста.
Овие сцени предизвикаа жестоки реакции во Србија. Повеќе познати спортски имиња јавно ја поддржаа мајката и побараа институциите да постапат со достоинство, да се утврдат околностите на трагедијата и да се санкционира евентуалната одговорност.
ФОТО: EPA PHOTO