Црвено-бела рапсодија: Звезда го разнесе Панатинаикос
Белграѓани вечерва тотално го уништија ПАО на домашен терен со 86-68, а конечниот резултат дури и не е реален одраз на она што се случуваше на теренот во првите нешто повеќе од три четвртини бидејќи Грците во последниот период се спасија од тотална катастрофа. Највисоката предност на Звезда на овој меч изнесуваше 28 разлика и беше достигната на почетокот од последниот квартал (70-42).
Во тие моменти петтата лична грешка ја заработи Кендрик Нан, но без него Панатинаикос заигра подобро и направи серија од 19-4 со која го ублажи дебаклот. Треба да се потенцира дека Грците пред овој меч имаа големи проблеми со повредени играчи и во Белград допатуваат без класичен центар.
Ова е седма победа по ред на Црвена Звезда со која екипата привремено се искачи на првото место на табелата во Евролигата, пред натпреварот на Жалгирис против Валенсија в петок.