Фудбалерите на Истра се избламираа против четвртолигаш: Соберете парталите и да ве нема!

Четвртолигашот Куриловец направи огромно изненадување во осминафиналето од Купот на Хрватска, совладувајќи го прволигашот Истра (2-1) на домашен терен во Велика Горица, со што го направи најголемото изненадување во историјата на ова натпреварување.

Станува збор за тим кој се наоѓа на шесто место во својата лига со девет бодови заостанување зад водечкиот Интер. Овој успех има дополнителна тежина ако се има предвид дека станува збор за само втор случај во историјата четвртолигаш да стигне меѓу најдобрите осум екипи во Купот, првпат во последните десет години.

Поразот предизвика големо разочарување кај навивачите на Истра. На официјалните профили на клубот на социјалните мрежи се појавија бројни критики на сметка на играта, пристапот и изборите на стручниот штаб. Дел од навивачите го оценија настапот како недоволно сериозен, а имаше и повици за промени во тимот и тренерскиот кадар.

„Соберете парталите и марш да ве нема“, е сублимираната порака на фановите до сите во таборот на прволигашот.