Лудница во ВМФЛ: На осум натпревари се постигнаа 38 гола - фаворитите славеа победи!

Денешното 11. коло од Втората македонска лига беше едно од најефикасните во последните години бидејќи на осум натпревари беа постигнати дури 38 гола што е просек од речиси пет гола по натпревар.

Најмногу беа постигнати на натпреварот помеѓу Беласица и Вардар Неготино во кој гостите доживеаа дебакл и беа поразени со 8-1. Убедлив пораз претрпе и Победа на гости кај Осогово, домаќините забележаа триумф од 6-0.

Екипите од врвот на табелата не дозволија изненадувања, Брегалница во натпревар исто така со шест гола беше подобра на гости кај Слога Виница со 4-2. Голеада имаше и во Охирд кој го доби Тетекс во драматичен натпревар со 4-3.

Шкендија Арачиново на теренот во Сингелиќ каде што ги игра домашните натпревари беше сигурна против Кожуф запишувајќи триумф од 2-0.

На останатите средби Каменица Саса од гостувањето кај Големо Коњари се враќа со победа од 3-1, Скопје ја совлада Преспа со 2-0, додека екипите на Детонит Плачковица и Новаци го одиграа единственото реми од ова коло 1-1.

ТАБЕЛА: Шкендија Арачиново 29, Брегалница 27, Охрид 24, Скопје 23, Беласица 22, Детонит Плачковица 19, Новаци 17, Кожуф 16, Осогово 16, Каменица Саса 13, Тетекс 10, Победа 10, Вардар Неготино 10, Преспа 6, Слога Виница 4, Големо Коњари 3

ВМФЛ 11. КОЛО:

Беласица - Вардар Неготино 8-1

Деетонит Плачковица - Новаци 1-1

Скопје - Преспа 2-0

Големо Коњари - Каменица Саса 1-3

Охрид - Тетекс 4-3

Осогово - Победа 6-0

Слога Виница - Брегалица 2-4

Шкендија Арачиново - Кожуф 2-0