Треневски: И пешки би одел до Белград за да го тренирам Партизан!
Имено, Треневски кој во овој момент е тренер на третолигашот во Црна Гора, Балкан Иглс во изјава за „Спортски Журнал“ истакна дека немал никакви контакти со српскиот гигант, иако не ја крие желбата да седне на клупата на „црно-белите“.
„За мене беше убаво да ја прочитам таа вест, но за жал остана на тоа бидејќи немав никакви контакти со луѓето од Партизан. Тоа би било голема чест за мене, би побарал само два дена од луѓето во Партизан бидејќи пешки би дошол до Белград. За клубот кој го сакам ништо не ми е тешко. Со една генерација млади фудбалери играв во Партизан, а верувајте сега би сакал да работам со овие млади фдубалери затоа што мислам дека имаат голем квалитет“, изјави Треневски
Треневски дресот на Партизан го носеше три години во период од 1995 до 1998 година, а како тренер досега работеше уште во: Работнички, Дечиќ, Ком и Партизан Бар.