Денвер им се врати на победите, Јокиќ го одигра најефикасниот натпревар сезонава (ВИДЕО)
Со тоа Денвер ја продолжи својата серија од шест победи во дуелите со Сакраменто, а дојде до својот четврти триумф во шестиот натпревар оваа сезона. Никола Јокиќ постигна личен рекорд за оваа натпреварувачка кампања - 34 поени и 14 асистенции, а Арон Гордон додаде 20 поени. Но, Јокиќ, кој ја почна сезоната со четири трипл-дабл натпревари во низа, овој пат имаше најмалку скокови во сезоната - само четири.
Клучна беше првата четвртина која Денвер ја доби со 39-30, а Јокиќ во неа реализира безмалку половина од вкупниот број поени - 15 поени. Сакраменто се доближи на 104-110 во последниот период, но тоа се случуваше во моментите кога Србинот добри неколку минути одмор. Подоцна се врати во игра и Нагетс ја запечатија четвртата победа.
Расел Вестбрук против својот поранешен тим постигна 26 поени и имаше 12 скока што е негов најдобар ефект во двете статистички категории. Најважната работа домаќините ја завршија со тоа што го запреа Зек Лавин, кој досега имаше просек од 29,5 поени, а ноќеска беше ограничен на само 15 со шут од игра 4/11.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Милвоки 115-117
Бруклин - Минесота 109-125
Њујорк - Вашингтон 119-102
Бостон - Јута 103-105
Мемфис - Детроит 106-114
Хјустон - Далас 110-102
Денвер - Сакраменто 130-124
Портланд - ЛА Лејкерс 115-113
ЛА Клиперс - Мајами 119-120