„Се тресам уште, се сруши на неколку метри од мене, слушавме како се бори за живот“
По големата трагедија играчите останаа во шок и неверување на теренот (ТУКА), а во изјава за порталот „Спортисимо“ зборуваше и неговот колега од спротивната страна Ненад Лалатовиќ.
„Не знам дали сум шокиран или тажен. Многу сум погоден од тоа што се случи, уште се тресам. Се случи на неколку метри од мене. Го видов кога падна, се слушнаа некои звуци како се бори за живот. Очигледно спортот носи и голем стрес кој доведува до вакви ситуации. Слушнав дека претходно имал и проблеми со аритмија, но не сум сигурен. Сакам да изразам сочувство на неговото семејтво, нив сигурно им е најтешко. Не дај боже да се повтори вакво нешто, не знам што би кажал“, изјави Лалатовиќ.
Ќе потсетиме, Жижовиќ во сезоната 2023/2024 беше тренер и на екипата на Шкупи.