Младата ѕвезда на Реал со идентичен здравствен проблем како Јамал

Аргентинскиот репрезентативец во редовите на Реал, Франко Мастантуоно страда од болки во препоните, попознати како пубалгија.

Поради тоа, тој малку играше претходните недели, а ќе биде во аут и следниот период, додека не се најде решение за тоа. Интересно е тоа што неодамна пубалгија му беше дијагностицирана и на Ламин Јамал за кого докторите известиле дека ќе го мачи до крајот на животот, но дека може да се регулира и држи под контрола.

Мастантуоно летово дојде во Реал од Ривер Плата за 45 милиони долари, а мадридскиот клуб во него гледа како значаен фудбалер за иднината на клубот.