Кадетите го победија Луксембург и обезбедија пласман на ЕП!

Кадетската репрезентација на Македонија славеше над Луксемург со 25-17 и така се пласираше на Европското првенство кое наредната година ќе се игра во Србија.

Македонските млади ракометари денеска одиграа натпревар во кој во најголем дел од времето имаа контрола над резултатот, но беа одлични и во клучните моменти.

Најефикасни во нападот беа Поповски и Ѓорѓиевски со по шест гола, а одличен на голот беше и Николовски.

Македонија во својата група го освои првото место пред Финска и Грција кои имаат исто така по четири, но ние сме пред нив поради подобриот меѓусебен дуел. Заедно со нас пласман обезбеди и Финска како второпласирана, Грција остана на третата позиција.

Европското првенство ќе се игра од 29 јули до 9 август.