Конте: Елмас имаше одличен меч, ми се допадна како одигра!
Елмас мечот го почна од клупата за резерви, но во игра влезе уште во 37. минута поради повреда на Гилмур.
Антонио Конте изрази задоволство од играта на Елмас.
„Елмас одигра одлично, имаше одличен натпревар и навистина ми се допаѓа. Среќен сум за одиграното од страна на Елмас“, рече Конте.
Можеби по овој меч Конте ќе му ја зголеми минутажа на македонскиот репрезентативец.