Давидович-Фокина беше лесен залак: Зверев обезбеди четвртфинале во Париз

Германскиот тенисер Александер Зверев без мака го совлада Алехандро Давидович-Фокина со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 за пласман во четвртфинале на турнирот во Париз.

Зверев беше одличен на сервисот на ривалот, па успеа да направи два брејка за да го добие првиот сет со 6-2.

Шпанецот заигра за нијанса подобро во вториот сет, меѓутоа Зверев направи еден брејк, кој му беше доволен да слави со 6-4.

Зверев во четвртфинале ќе се соочи против Данил Медведев.

Фото: EPA