Ливерпул трошеше како никогаш претходно, а на Слот му фалат фудбалери!

Црвените вчера доживеаа дебакл во Лига Купот на Англија откако беа елиминирани од Кристал Палас со убедлив пораз, по мечот Арне Слот се пожали дека немал широк состав.

Изминатово лето Ливерпул потроши огромни пари за нови засилување, на Енфилд пристигнаа  Исак, Екитике, Вирц, Фримпонг, Керкез… но и покрај сите засилувања Слот се пофали дека му фалат играчи.

„Нашиот состав веројатно не е голем како што луѓето мислат. Го видов стартниот тим на Манчестер Сити за купот и без ниту еден од тимот кој играше во Премиерлигата имате чувство дека тоа им е првиот тим“, вели Слот.

„Пример, Челси може да го внесе Естевао, а јас откако направив две замени сега, имавме шест тинејџери“.

Притисокот врз Слот се зголемува, дел од навивачите на Ливерпул веќе бараат отказ за него и покрај тоа што имаше фантастична сезона лани.