Без дерби во четвртфиналето од Лига купот, фаворитите се избегнаа

Веднаш по завршувањето на осминафиналните натпревари во англискиот Лига куп беше извлечена и ждрепката за четвртфиналето.

Со поразите на Ливерпул и Тотнем бројо на фаворит се намали, а оние кои останаа се избегнаа во битката за полуфинале.

На хартија најлесно помина можеби Челси кој ќе се соочи со Кардиф, но ќе треба да игра на гостински терен. Во останатите три средби, Сити го пречекува Брентфорд, Арсенал ќе се соочи со Кирстал палас и Њукасл кој го брани трофејот ќе игра против Фулам.

Четвртфиналните средби ќе бидат одиграни на 15/16 декември.