Столе за првпат од февруари ќе брани од првата минута за Валенсија
Димитриевски најчесто во претходните месеци му беше замена на Хулен Агирезабала, но македонскиот чувар на мрежата ќе добие шанса против нисколигашот и тоа ќе биде негов прв натпревар да брани од првата минута уште од февруари, односно минатата сезона кога Валенсија загуби од Барселона со 0-5.
Столе по поразот од каталонскиот гигант на 6 февруари најчесто беше на клупата за резерви, иако имаше и повреди поради кои пропушташе дуели, додека единствен настап му беше во пријателската средба против Кастелон на 19 јули кога доби едно полувреме.
Една од причините поради кои Столе најчесто е замена на Агирезабала е тоа што Валенсија во договорот за позајмица од Атлетик Билбао прифати да плаќа пенали доколку шпанскиот голман не брани на некој од натпреварите во Ла Лига.