Ѓорческа со една победа скокна 12 места на ВТА листата
Минатата недела таа учествуваше на Челинџерот во Роверето каде оствари само една победа, против Италијанката, Бранкачо, но тоа ѝ беше доволно да скокне дури 12 позиции. Како резултат на тоа, таа од денеска е на 201. место, во надеж дека до крајот на сезоната ќе скокне уште некоја позиција.
Оваа недела Ѓорческа ќе одмора бидејќи не е пријавена на ниеден турнир.