Тежок удар за Наполи: Де Брујне го чека долга пауза

Фудбалерите на Наполи славеа победа изминатиот викенд во дербито со Интер (3-1), но триумфот остана во сенка на повредата која ја заработи Кевин Де Брујне.

Белгиецот го напушти теренот некаде кон средината на второто полувреме откако почувствува болка по реализирањето на пеналот, а Наполи потврди дека фудбалерот од средниот ред заработил кинење на бутниот мускул и тоа значи дека го чека пауза од неколку месеци.

Во клубот ќе следат и дополнителни медицински прегледи, меѓутоа првите прогнози не се оптимистички, а дел од италијанските медиуми се убедени дека нема да се врати до крајот на годината.

Нема дилеми дека толку долго отсуство на Де Брујне може да биде сериозен удар за амбициите на тимот на Конте.