Кузмановски: Оваа Македонија сите треба да ја сфатат сериозно, имаме што да покажеме!

Македонската ракометна репрезентација денеска ги стартува подготовките за двата дуели, а дел и од овој собир е ракометарот на Пелистер, Филип Кузмановски.

Кузмановски истакна задоволство што селекцијата по подолг период повторно е заедно, но и испрати порака дека Македонија е репрезентација која сите треба да ја сфатат сериозно.

„По подолг период повторно сме заедно сите и тоа ме радува, ќе се подготвуваме за Европското првенство. Сигурно дека секој собир има цел, денеска е прв ден и не знаеме точно како ќе работиме за Јапонија Но, секако дека ова ќе бидее подготовка за Европското првенство. Оваа Македонија со секое големо натпреварување оди напред, сите треба да нѐ сфатат сериозно, имаме квалитетни репрезентации и имаме што да покажеме кога играме за Македонија“, порача Кузмановски.

Првиот натпревар со Јапонија го играме на 30 ноември во Автокоманда и тој ќе биде од затворен тип, додека втората пресметка е закажана за во Куманово на 1 ноември.