Трагедија: Голем шпански талент почина на само 15 години

Тажна вест пристигнува од Шпанија каде што починал младиот и талентиран фудбалер, Жорге Касадо Роше кој имал само 15 години.

Роше бил член во младинската академија на Сарагоса која за жал ја потврди големата трагедија. Поради смртта на 15-годишниот фудбалер и сите натпревари од младинските категории се откажани.

Информаациите од шпанските медиуми се дека фудблерот починал утрово во својот дом од природна смрт.

Погребот на младиот Роше ќе се одржи во неговиот град в среда. Како што се наведува, стнувало збор за еден од најголемите таленти во школата на Сарагоса и главна ѕвезда во својата генерација. Дека е навистина така покажува и податокот што со само 15 години веќе имаше можност да тренира и со првиот тим.