Баерн не купува само фудбалери, преговара и за нов стадион!

Според информациите на „Билд“ германскиот гигант Баерн Минхен е во завршна фаза на купување на уште еден стадион.

Баерн веќе две децении игра на „Алијанц Арената“, а наскоро би можеле да станат сопственици и на стадионот „Спортпарк Унтерхачинг“. Станува збо за стадион кој е дом на истоимениот клуб Унтерхачинг кој се натпреварува во пониските лиги.

Стадионот има капацитет од 15.000 гледачи и според информациите за него, Баерн ќе плати сум од 7.5 милиони евра.

Баерн веќе има свој помал камп кој го отвори во 2017 година и таму настапуваат младинските и женските селекции наа тимот. Сепака, тој комплекс собира сао 2.500 гледачи, па во клубот сакаат поголем објект.

Фото: FC Bayern München