Јокиќ со трипл-дабл со повеќе асистенции од поени одново во историјата на НБА (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, Никола Јокиќ, испиша нова страница во историјата на НБА, откако ноќеска стана само петтиот играч кој имал трипл-дабл учинок во првите два натпревари од сезоната.

Пред него тоа им успеало само на легенди како Оскар Робертсон, Џери Лукас, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук. Иако не беше меѓу најефикасните во победата на Денвер нагетс против Феникс санс (133-111), српскиот центар повторно доминираше во сите сегменти – постигна 14 поени, собра 14 скока и подели 15 асистенции. Ова беше негов 166-ти трипл-дабл во кариерата.

Во другите натпревари, шампионот Оклахома Сити тандер, предводен од Хомгрен и Гилџиус-Александер кои заедно уфрлија 61 поен, славеше на гостувањето кај Атланта (117-100) и дојде до третата победа во низа. Возбудливо беше и во Филаделфија, каде домаќините славеа над Шарлот (125-121), додека Чикаго го совлада Орландо со 110-98. Вечерта ја обележа и блескавото деби на Седрик Кауард од Мемфис – 11-тиот пик на драфтот погоди шест тројки без промашување и со 27 поени го предводеше својот тим до убедлива победа над Индијана (128-103).

ФОТО: X / @basketusa