Норис со фантастичен круг до пол-позиција во Мексико! (ВИДЕО)

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико откако беше најбрз во квалификациите благодарение на еден спектакуларно извозен круг.

Британскиот возач претходно покажа одлични перформанси на саботните тестови, а тие ги потврди во квалификациите кога извозе најбрз круг.

Норис патеката ја мина за 1:15.586 со што го победи двоецот на Ферари кои исто така имаа одлични квалификации. Леклер ќе стартува од втората позиција, тој имаше заостанување од 0.262, следува неговиот клупски колега со заостанување од 0.352.

Макс Ферстапен ќе има тешка задача во Мексико, тој ќе стартува од третиот ред, Холанѓанецот беше петти во квалификациите, пред него беше и Џорџ Расел.

Во топ 10 во квалификациите завршија и Кими Антонели, Карлос Саинц, Оскар Пјастри, Исак Хаџар и Оливер Берман.