Фернандеш: Ми нудеа богатство од С. Арабија, но мој сон е да освојувам титули со Јунајтед!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, а потврда за тоа пристигна од самиот фудбалер кој откри дека понудата ја испратил Ал Хилал.

Саудискиот тим му нудел вистинско богатство на Фернандеш, а воедно „црвените ѓаволи“ требало да добијат меѓу 80 и 100 милиони евра за трансферот, но тој решил да остане на „Олд Трафорд“.

„Понудата беше многу добра, ќе добиев висока плата. Имаше официјален предлог од Ал Хилал, но и други тимови. Сепак, мојот одговори беше - не. Зборував со Аморим и тој ми кажа дека смета на мене. Сè уште не сум ги исполнил моите соништа, а тие се да освојувам титули со Јунајтед“, кажа Фернандеш.

Португалецот игра за „црвените ѓаволи“ од 2020 година, кога пристигна од Спортинг Лисабон.

Фото: Manchester United