Меси му „украде“ рекорд на Роналдо – пред него стигна до границата од 900 гола!
Аргентинецот со двата погодоци во победата на Интер Мајами против Нешвил (3-1) на отворањето на плејофот во МЛС, стигна до вкупно 891 гол во кариерата и тоа побрзо од својот ривал. Меси со 38 години и 122 дена го надмина својот португалски ривал, кој до бројката од 890 голови стигна дури на 39 години и 89 дена. Разликата е впечатлива и во бројот на одиграни натпревари – Меси до 890 гола стигна по 1.131 настап, додека на Роналдо му беа потребни 1.220 меча. Тоа значи дека аргентинскиот магионичар реализира повеќе и побрзо, потврдувајќи дека дури и во позните години од кариерата останува чекор пред својот најголем конкурент во историјата.
Ветеранот има неверојатна статистика низ клубови и репрезентација. Тој постигна 672 голови за Барселона, 114 за Аргентина, 73 за Интер Мајами и 32 погодоци во дресот на ПСЖ. Покрај тоа, има и 399 асистенции, со што директно учествувал во 1.289 погодоци во кариерата — бројка која тешко дека ќе биде достигната во модерниот фудбал.
ФОТО: EPA PHOTO