Македонски судија во центарот на голем скандал во ФИБА Еврокупот (ВИДЕО)
Во центарот на скандалот, по игра на случајноста, се најде најдобриот македонски судија, Игор Митровски. Тој, откако не доби поддршка и информација од колегите кои можеа подобро да видат, наместо да досуди техничка грешка за Грците, кои на 90 секунди до крајот имаа шест играчи на терен, додели иста казна за Полјаците поради – протест. На видеото убаво се гледа како еден од кошаркарите на ПАОК буквално бега од паркетот и се крие на клупата на Анвил, но тоа не беше доволно судиите да досудат казна за овој тим.
Тренерот и цела клупа на Анвил бурно реагираше и бараше средбата да се прекине со казна за противникот, но наместо тоа, Митровски досуди техничка грешка на еден од резервните кошаркари на домашниот тим, за пребурна реакција. Проблемот е што ова дојде во моменти кога се кршеше средбата, при водстов на полскиот тим со 84-80. Грците го искористија подарокот и на крајот по едно продолжение дојдоа до триумф.