Голема победа за Нант: Аблин со цуцла во устата го покори Париз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нант остварија победа во Париз со 2-1 во деветтото коло од француската Лига 1, а мечот ќе се памети и по прославата на Матис Аблин по неговиот прекрасен гол.

Гостите постигнаа гол по само две минути, кога Јусеф Ел Араби со прекрасен гол од далечина погоди за 1-0, но Париз успеа да израмни во 15. минута.

Победата на Нант ја донесе Аблин сп спектакуларен гол од 20 метри, по што прослави со цуцла во устата.

Нант по девет одиграни кола има девет бодови, додека Париз има еден поен повеќе.

Фото: FC Nantes