Се редат проблемите во Барса: И Кунде неизвесен за Ел Класико

На два дена пред првото Ел Класико во сезоната, никој во Барселона не знае со каква постава ќе излезе на „Бернабе“.

Безмалку половина почетна постава е повредена, некои играчи неодамна се вратија од паузи, а неизвесен е и настапот на францускиот репрезентативец Жил Кунде. Тој добил удар на дуелот против Олимпијакос и последните два дена не тренира со остатокот од екипата.

Вчера работел во теретана, но денеска воопшто не тренирал и не се знае дали ќе биде подготвен за мечот в недела во Мадрид. Позитивно за Барса е тоа што ќе се врати Рафиња, но непознато е дали ќе може да ги издржи сите 90 минути, односно дали ќе биде стартер.