Јокиќ ги разочара Американците: Ваков говор на тело е неприфатлив (ВИДЕО)
Денвер доживеа пораз во Сан Франциско и српскиот кошаркар има голема вина за тоа. Прво промаши шут за победа во основниот дел од мечот, а натпреварот го заврши со исклучително лош ефект (2/13 за тројка). Сепак, најмногу од се, Американците се разочараа од неговиот однос пред крајот на дуелот кога стануваше јасно дека Голден Стејт ќе ја однесе победата.
На околу 30 секунди пред крајот, при водство од шест разлика за домаќините, Јокиќ промаши тројка и на општо изненадување, застана и не се ни обиде да го запре противничкиот напад.
„Погледнете го говорот на тело на Јокиќ и ставот откако промаши мошне важен шут за тројка. Се откажа од сопствениот тим“, беше коментарот на социјалната мрежа X.
Ова секако е изненадување за сите бидејќи Јокиќ секогаш се борел до последната секунда за својот тим и не се откажувал дури и кога било јасно дека Денвер нема шанса за победа.