Ц. Звезда ја растури Басконија за четврти триумф по ред во Евролигата

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда потврди дека се наоѓа во одлична форма во Евролигата, откако вечерва ја надигра Басконија со 90-72 и ја запиша четвртата победа по ред.

Првото полувреме понуди големо возбудување во Белград, но и нешто полоша игра на „црвено-белите“ кои заминаа на паузата со негатива од 40-43.

Црвена Звезда со помош на публиката во третата четвртина го растури противникот (32-15), по што во последните 10 минути влезе без поголем притисок и на крајот обезбеди убедлива победа.

Најефикасен беше Тимоти Луваву Кабаро со 24 поени кај Басконија, додека Милер-Мекинтајер запиша 20 поени за српскиот гигант.

Фото: https://kkcrvenazvezda.rs/