Костадинов со Сигма ремизира против Раков, АЕК Ларнака го нокаутира Кристал Палас
Костадинов одигра 62 минути на мечот против Раков, а Сигма до водство стигна во 83. минута од средбата со погодокот на Крал, но набрзо Сварнас ги постави конечните 1-1.
Кристал Палас доживеа болен пораз среде Лондон, иако ја имаше контролата врз играта во поголемиот дел од натпревар. Сепак, Бајиќ во 51. минута ги распала домаќините.
Останати резултати:
Хамрун – Лозана 0-1
Линколн – Лех 2-1
Мајнц – Зрињски 1-0
Самсунспор – Динамо Киев 3-0
Шамрок роверс – Целје 0-2
Универзитатеа Крајова – Ноа 1-1
Фото: SK Sigma Olomouc