
EХФ измисли ново репрезентативно натпреварување!
Првото издание е планирано да се одржи во 2030 година. Според најавите на него ќе учествуваат најдобрите осум машки и женски репрезентации од Европа, а победниците ќе имаат и обезбедено учество на Олимписките игри.
Конечниот термин ова ново натпреварување требаа да го доби во септември, па така досегашната динамика на Европските првенства кои се играат на секои четири години нема да се промени.
Во овој момент не е познато и дали тоа ќе бидат најдобрите осум репрезентации според ЕХФ ранг-листата или најдобрите осум од последниот континентален шампионат, тоа треба да биде дополнително објавено.