Поуп ја направи најлудата асистенција во ЛШ - голманот асистираше со рака! (ВИДЕО)

Голманот на Њукасл, Ник Поуп, имаше сензационална асистенција на натпреварот од Лигата на шампионите кој неговиот тим го доби со 3-0.

Сме виделе голмани како асистираат со нога, но овојпат Поуп тоа го направи со рака. Тој ја фрли топката силно кон својот соиграч Барнс кој реализираше за зголемување на предноста на Њукасл.