
Пропадна планот: Откажан мечот меѓу Виљареал и Барселона во Мајами!
Промотерот решил да се откаже од идејата да се организира натпревар во Мајами меѓу шпански екипи, откако во изминатите недели се појави голем револт кај Шпанците.
Голем број фудбалери, но и други личности од фудбалот кажаа дека не е во ред да се патува толку долго за да се одигра еден натпревар од шпанското првенство на друга територија.
Исто така беа организирани протести во Шпанија на неколку натпревари, со цел да се покаже револтот за идејата да се играат натпревари во САД.
Фото: FC Barcelona