Страшен инцидент: Убиен возач на автобус кој возел навивачи! (ВИДЕО)

Голема трагедија се случила доцна синоќа во Италија кога возач на автобус на навивачи беше смртно погоден со тврд предмет.

Инцидентот се случил по кошаркарскиот меч од втората италијанска лига меѓу екипите на Себастијани Риети и Пистоја.

Автобусот кој со гостински навивачи заминувал по натпреварот, бил пресретнат од домашни фанови кои почнале да фрлаат со камења и други предмети. Шофершајбната била скршена со тула, а потоа погоден возачот кој добил смртоносни повреди.

Автобусот бил под полициска придружба до кратко време пред да се случи инцидентот.