Славниот Италијанец е прва желба на Нотингем Форест

Поранешниот европски шампион Нотингем Форест ја направи и втората тренерска смена оваа сезона откако вчера му додели отказ на Анге Постекоглу по што во Англија почнаа шпекулациите во врска со наследникот на грчкиот стручњак.

Најголем фаворит за негов наследник сега е славниот Италијанец, Роберто Манчини кој е без ангажман една година откако лани ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Саудиска Арабија. Тој е надвор од клупскиот фудбал веќе седум години, а последен пат работеше во рускиот прволигаш Зенит во 2018.

Во случај Манчини да одбие, Нотингем Форест ќе се обиде да го ангажира поранешниот менаџер на Еврртон и Барнли, Шон Дајч.