Фенербахче подобар од Баерн, драмата во Белград за Олимпијакос

Кошаркарите на Фенербахче вечерва ја прекинаа серијата од два порази во Евролигата и тоа со победа над Баерн од 88-70.

Одличен во редовите на турскиот гигант беше Микал Јантунен со 15 поени, а го следеше Вилбекин со 14 поени. На спротивната страна кај германскиот состав по 13 поени уфрлија: Обст, Мајк и Габриел.

Во истиот термин победа на гостински терен славеше екипата на Олимпија Млано која со 89-78 беше подобра од Жалгирис.

Интересно беше во Белград каде што во трилер завршницата Олимпијакос славеше триумф над Макаби со 95-94. Милутинов и Везенков уфрлија по 13 поени, додека за Макаби 24 поени постигна Џеф Даутин.

Фото: Fenerbahçe Beko