
Шкендија малку забега: Билетите за Шелбурн се до 800 денари!
Натпреварот помеѓу Шкендија и Шелбурн е закажан за идниот четврток, а билетите ќе бидат во продажба веќе од утре од 12:00 часот.
Во зависност од позицијата на седење блетите ќе се продаваат по цена од 500 до 800 денари.
Јужна трибина:
500 денари (блокови 1 и 6)
600 денари (блокови 2 и 5)
750 денари (блокови 3 и 4)
Северна трибина:
500 денари (блок 13)
700 денари (блокови 20, 21 и 23)
800 денари (блок 14)
Билетите ќе се продаваат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, додека физичка продажба ќе има само во Тетово (Монако Тобако). Исто така тетовскиот клуб извести и дека на денот на натпреварот ќе биде отворена билетерата пред стадионот во Скопје.
Шкендија сезоната во Конференциската лига ја започна на гостувањето во Шпанија кај Рајо Ваљекано со 2-0.