
Познато кој е спортистот што е обвинет за силување во вилата на Шумахер (ФОТО)
Австралискиот автомобилист Џои Мосон е возачот кој е обвинет за силување на медицинска сестра, која во 2019 година работела како дел од тимот за нега на Шумахер.
Според деталите од Обвинителството, Мосон на 23 ноември 2019 година во алкохолизирана состојба ја силувал медицинската сестра која лежела без свест.
Мосон ги негираше обвинувањата и тврди дека односите со медицинската сестра биле пријателски и дека имале секс со согласност на двете страни.