Јамал е еден од најдобрите во светот, но не е во конкуренција за наградата „Голден бој“

Италијанскиот весник Тутоспорт ги објави имињата на 20. кандидати за признанието „Голден бој“ за 2025 година.

На него има многу звучни имиња, како Дезире Дуе, Дин Хујсен, Естевао, Арда Ѓулер, Франко Мастантуоно итн., но љубителите на фудбалот се изненадени поради тоа што го нема суперстарот на Барселона, Ламин Јамал. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот и сигурно ќе беше фаворит за оваа награда, но неговото отсуство е логично и базирано на правилата за доделувањае на признанието.

Тој беше прогласен за „Златно момче“ минатата година, а според правилата ниеден фудбалер не може повеќе од еднаш да ја освои наградата. Затоа ова признание ќе добие нов сопственик кој ќе им се придружи на легенди како Лионел Меси, Верјн Руни, Серхио Агуеро, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам итн.