„Бомба“ од Островот: Помладиот од браќата Белингам се враќа во Англија

Почетокот на сезоната ни донесе големи возбудувања во Премиер лигата, но веќе некои со мислите се во јануарскиот преоден рок затоа што забележаа каде имаат недостатоци во екипите.

Едни од нив се газдите на Манчестер јунајтед, кои планираат да го засилуваат тимот по лошите резултати, а наводно едно од засилувањата треба да биде помладиот од браќата Белингам, Џоб.

Џоб Белингам игра во Борусија Дортмунд, но неговиот татко не е во добри односи со тренерот на „милионерите“ и затоа ќе бара трансфер за неговиот син.

„Билд“ објави дека „црвените ѓаволи“ наскоро ќе испратат понуда до Дортмунд за младиот фудбалер, а наводно Борусија нема да се противи на негова продажба.

Фото: Facebook/Borrusia Dortmund