Aнгелов: Од поразите излековме поуки, а сега да продолжиме во добра насока

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година утре со почеток од 18:00 часот ќе го игра натпреварот против Црна Гора во рамките од четвртото коло во квалификациите за Европското пвенство.

Во овој натпревар избраниците на Горан Станиќ влегуваат по првата победа во овој циклус откако ја совладавме Ерменија со 2-1, претходно бевме поразени од Полска и Италија.

Фудбалерот на Работнички, Матеј Ангелов смета дека токму од тие дуелми сме извлекле поуки.

„Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“, изјави капитенот на репрезентацијата.

Натпреварот против Црна Гора го играме на гостински терен, утре со почеток од 18:00 часот.