
ФФМ со важни информации за натпреварот вечерва: Дојдете пеш или со јавен превоз!
Вратите на арената „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а ФФМ ги повикува сите кои ќе присуствуваат да пристигнат најмалку еден час пред почетокот на натпреварот.
Исто така се препорачува и доаѓање пеш или со јавен превоз бидејќи паркирањето околу стадионот ќе биде дозволено само на акредитирани лица.
Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот. Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).
Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.
Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања“, стои во објавата.