Јувентус ангажира фудбалер кој оваа сезона не одигра ниту минута за Реал Мадрид!?

Италијанскиот гигант Јувентус сака да ја засили екипата во јануари, а на листата на желби на тренерот Игор Тудор се наоѓа 19-годишниот бразилски фудбалер Ендрик.

Медиумите пишуваат дека „Старата дама“ почнала со активности за да го донесе Ендрик на позајмица во јануари.

Ендрик не доби ниту минута кај новиот тренер Чаби Алонсо, а најверојатно така и ќе остане во следниот период, па на „кралевите“ им одговара Бразилецот да замине на позајмица.

Талентираното момче од Бразил пристигна во Мадрид од Палмеирас, каде што играше одлично и на 66 настапи постигна дури 18 голови.

Фото: Juventus FC/X