
Србија остана без селектор, Пикси нема да патува во Андора!
Веднаш по натпреварот Стојковиќ потврди дека ја поднел својата оставка во раководството на сојузот.
„Имав разговор со претседателот и генералниот секретар. Понудив оставка. Овој пораз не го очекував, и тоа од тим кој ни е главен ривал за второто место. Ја преземам одговорноста и јас сум единствениот виновник. Жал ми е што загубивме. Така е во спортот, во животот. Ќе има време за разговор. Како одговорно лице, понудив оставка на двајцата челници во Сојузот“ изјави Стојквиќ.
Потенцираше и дека нема да патува за Андора..
„Што се однесува до времето, специфично е. Нерационално е да патувам со тимот. Тоа им го кажав. Ме сослушаа и им реков дека нема да одам во Андора. Натпреварот ќе го води Горан Ѓоровиќ“, истакна Пикси.
Србија во квалификациите за Светското првенство има седум бодови, Албанија е втора со 11 и со натпревар повеќе, додека Англија е далеку на врвот со 15.